Get Adobe Flash player
An error occured during parsing XML data. Please try again.

Почитувани пријатели,

Добредојдовте на официјалната web страна на Општина Ново Село преку која сакаме да ви ја претставиме нашата општина со сите нејзини особености кои ја прават нашата средина поразлична од другите.

Плодната почва, благата умерена клима, изобилието од води, уште од најстаро време па се до денес им овозможува на вредните луѓе од овој крај поволни услови за бериќет.

Во подножјето на Беласица се сместени една долга низа населени места, наредени во насока од запад кон исток: Колешино, Борисово, Мокриево, Мокрино, Смоларе, Дражево и Старо Коњарево, подгорски предел кој е богат со планински изворски води, костенови и ореови шуми и воопшто со богата вегетација. Посетата на овие населени места не ги остава рамнодушни посетителите особено оние кои ја виделе прекрасната природна убавина на Смоларските водопади, Мокринските извори и Колешинските водопади.

Во расклоненијата на планината Огражден во непосредна близина на македонско-бугарската граница се распостелени четири мали планински села: Бајково, Бадилен, Барбарево и Стиник кои привлекуваат со својата недопрена природна убавина на пространите ливади и пасишта.

Одејќи од Струмица кон Ново Село ќе ги поминете населените места Сушица и Зубово а поминувајќи го Ново Село и населеното место Ново Коњарево кои изобилуваат со сточарски капацитети.

Ново Село, кое уште од минатото имаше полуградски изглед, карактер на македонска паланка, денес е една модерна урбана средина која привлекува со мноштвото културни содржини преку кои се негуваат традиционалните македонски обичаи почнувајќи од Ѓурѓовденските средби па до најсовремени драмски, ликовни и музички проекти во духот на новото време.

Вредностите на нашето родно место создадени од нашите предци во минатото, ги чуваме и негуваме, трудејќи се да додадеме наши нови белези по кои ќе не паметат нашите идни поколенија, и се надеваме дека така ќе биде и во иднина.

Вас пријатели, Ве покануваме да не посетите и сигурен сум дека нема да се покаете.

Петар Спасов

Градоначалник на Општина Ново Село

Ѓурѓовденски средби 2012

Општина Ново Село во соработка со Домот на Култура ,,Јане Сандански,, - Ново Село, традиционално години наназад ја организира манифестацијата “Ѓурѓовденски средби” по повод празникот Ѓурѓовден.
Овие средби се од особена важност за граѓаните на Општина Ново Село бидејќи со нивното одржување се продолжува традицијата преку негувањето на песната и орото од една страна и носиите од друга страна.
Ќе ни биде особена чест и задоволство со Вашето присуство да бидете дел од оваа манифестација која ќе се одржи на 05.05.2012 год. со почеток од 14 часот на месноста Белев Рид кај манастирот “Св. Антониј” во Ново Село
 
Известување

Како дел од проектот

,,Културата – мост на зближување,,

на 5 aприл 2012, Свечено пуштање во употреба на реновираниот Дом на култура ,,Јане Сандански,, - Ново Село Ќе ни биде особена чест и задоволство и Вие да присуствувате на настанот

18:00

Поздравен говор на            градоначалниците на општина Ново Село и општина Сандански

18:15

Химна на општина Ново Село, во изведба на Мирчо Чуков

18:25

КУД ,,Јане Сандански,, од Ново Село (голема група)

18:35

Октет од Ново Село

19:00

КУД од Сандански, Р.Бугарија

19:10

Настап на реномираната група Интервали

19:15

КУД ,,Јане Сандански,, - Ново Село (средна група)

19:30

Настап на познатата фолк пејачка Сузана Гавазова

19:40

КУД од Сандански, Р.Бугарија

19:50

20:00

Настап на реномираната група Легато

,,ВАШАТА КРВ СПАСУВА ЖИВОТ,, - Крводарителна акција

Општина Ново Село во соработка со Црвен Крст од Струмица организира крводарителна акција ,,ВАШАТА КРВ СПАСУВА ЖИВОТ,,. Акцијата ќе се одржи на 22.03.2012 г. од 09 до 15 часот во просториите на општина Ново Село.

Почитувани припаднички на понежниот пол

Меѓународниот ден на жената е поврзан со храбрите жени кои успеаја да ја сместат во историјата идејата која се провлекувала во вековите наназад, еднаквост  на жените и мажите во општеството. Градоначалникот на Општина Ново Село покажа дека во оваа општина таа борба е надмината затоа што својата доверба ја има дадено на се поголем број на претставнички на понежниот пол кои се докажуваат како успешни членови на Советот на Општина Ново Село,  директори, вршители на јавни функции и друго.  Тоа не е само обид за докажување, туку секојдневна реалност во која заеднички треба да демонстираме соработка и да се грижиме за развој на општината.

По повод 8 - ми Март на сите припаднички од понежниот пол Ви испраќам искрени честитки со желба за лично здравје и семејна благосостојба.

Со почит,

Градоначалник, г-дин. Петар Спасов

Известување

Се известуваат родителите и учениците од двете општински основни училишта дека врз основа на донесената одлука од одржаната вонредна седница на ден 07.02.2012 година од страна на советот на општина Ново Село  се донесе едногласна одлука дека во деновите 08, 09, 10 февруари 2012,  нема да се изведува настава а истите наставни денови ќе се одработат (надополнат) во текот на пролетните месеци .

Најнови Вести

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Ваши прашања

Анкета
Дали би сакале организиран пречек за Нова Година во Ново Село ?
 
Мудрост
 
"Wisdom is the daughter of experience."
Leonardo da Vinci